Connect with us

Видео

ВИДЕО: Заев со Шекеринска, Мицкоски со Каракамишева на лидерската средба

На лидерската средба којашто е во тек во Клубот на пратеници се присутни Претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателка на Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева, како и претседателот на БЕСА Билал Касами и Аријанит Хоџа.

Денешата лидерска средба доаѓа откако вчера Мицкоски ја напушти средбата во проширен состав и побара нова лидерска со лидерите на четирите најголеми партии.

Неговото однесување премиерот Заев го оцени како несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субејкти во Република Македонија.

Актуелно