Заев: Очекувам на наредната лидерска средба да има договор меѓу власта и опозицијата

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев кажа дека разговорите продолжуваат во недела вечер или понеделник наутро.

Траеа долго разговорите, разговаравме за процесот пред кој е исправена нашата земја, односно референдумот и формирање на ДИК. Стратешки цели на Република Македонија и сите парламентарни партии се полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Компромиси за стратешките цели нема. Амнестија директна или индиректна нема. Парламентот продолжува да работи, разгледување на дополнувањата на изборниот законик продолжува. Очекувам на лидерската средба да се договори и имплементацијата на ДИК, изјави Заев.

Премиерот не сакаше да каже дали амнестијата е барање на опозицијата.

-Се двоумев дали да зборувам за суштините и деталите, па заклучив дека можеби ќе направам некоја грешка, па да нанесеме штета да се вратиме повторно на процесот. Има прашања кои се договараат лесно, а прашања кои не се договараат лесно. Имаме краток период на разговори зошто претстои референдум. Очекувам на наредната лидерска средба да има решение, рече Заев.