Connect with us

Видео

ВИДЕО: Владата се пофали дека со мерките пораснала просечната плата

Министрите Драган Тевдовски и Мила Царовска преку видео порака се пофалија дека просечната плата во Македонија е порасната за 7,1 отсто, односно за 1.600 денари во текот на една година.

Растот на платите е, и останува, приоритет на Владата на Република Македонија. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1% во однос на истиот месец претходната година, рече Тевдовски.  

-Растот на платите е повторно силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа. Во производството на текстил зголемувањето на платите е 2.670 денари на годишно ниво, во производство на облека 1.764 денари, а кај производство на кожа на годишно ниво платата пораснала за 1.802 денари, истакна Царовска.

Министрите велат, важно е да се нагласи дека во месец мај 2018 година има значаен раст и на платите во другите дејности како што се финансиите и осигурувањето, и информатичката и комуникациската дејност.

Владата на РМ останува посветена на растот на платите. Продолжуваме со реализацијата на пакетот мерки за тоа оваа намена. Освен зголемувањето на минималната плата, во Собранието на Република Македонија веќе се поднесени законски измени кои ќе обезбедат поддршка за раст на платите кои се повисоки од минималната плата. Посебно посветуваме внимание и преку активните мерки за вработување, и особено со поддршка на  инвестициите кои обезбедуваат фер плата за вработените“, велат министрите.

Актуелно