Интелектуалци од ЕУ и САД со повик за поддршка на Преспанскиот договор

Педесетина европски и американски универзитетски професори се потпишаа на писмото објавено во британскиот „Гардијан“ во кое ги повикуваат партиите и граѓаните на Република Македонија да кажат „Да“ на референдумот што претстои.

Во писмото, тие велат дека договорот потпишан на 17 јуни става крај на спорот и ја дефинира политичката, историска и културна граница помеѓу класичната грчка Македонија и нашата Македонија. Тие се уверени дека со овој договор станува јасно што е македонски идентитет. Велат, договорот го почитува достоинството и правото на самоопределување на два народи и ја потврдува желбата на двете земји за мирно постоење.

Овие интелектуалци тврдат дека овој договор, откако ќе биде финализиран ќе го реши проблемот на оспорениот политички идентитет, толку чест во мултикултурни општества, и ќе донесе модел за идни решенија за други долготрајни конфликти.

Тие со загриженост констатираат дека овој договор се судира, во двете земји, со екстремни толкувања.

„Во овие критични времиња, кога Европа е соочена со подемот на екстремно десничарскиот национализам и расизмот, и кога опасен ревизионизам на Балканот и во Европа го дели народот на „предавници“ и „патриоти“ , сега од кога е да е порано да се поддржат оние кој на себе го преземаат ризикот за помирување“, велат тие во писмото и ги повикуваат сите страни да го поддржат.

Писмото на интелектуалците можете да го прочитате тука.