Connect with us

Македонија

Лидерска во понеделник, Мицкоски повторно ќе бара измени во Кривичниот законик

Во понеделник во 9 часот наутро продолжуваат разговорите на четворицата лидери на најголемите парламентарни партии.

На маса повторно ќе седнат премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и лидерот на тетовското крило на Беса, Билал Касами.

На средбата ќе се отворат прашањата за составот на Државната изборна комисија, датумот на референдумот како и референдумското прашање.

Како што дознава Ден, Кривичниот законик, за кој ВМРО-ДПМНЕ бара измени со цел индиректна амнестија за поранешното раководство на партијата повторно ќе биде дел од барањата на Мицкоски, иако премиерот Заев не прифаќа ниту еден сторител на криминал за кои јавноста слушаше од „бомбите“ да биде амнестиран.

Актуелно