ФОТО: Албино кенгурче се роди во скопската зоолошка градина

Во скопската зоолошка градина се роди албино кенгурче, објавија од Зоолошката градина на својот Фејсбук профил. Името Арчи, албино кенгурот го добил од неговата негователка.

Малечкото не е првиот албино кенгур во скопската зоолошка. Таа е дом и на Пикси, која е питома и многу сака да се гали со луѓе.

Албино кенгурите се вистинска реткоост, а како и другите албино животни имаат снежно бело крзно и розеви очиња и рачиња.

 

Имаме уште едно бебе кое конечно излезе од торбичката на мама ❤Албино кенгурчето е машко, а неговата ЗОО негователка Билјана го нарече Арчибалд.Арчи да си ни жив и здрав ❤❤❤

Gepostet von Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје am Montag, 23. Juli 2018