(ВИДЕО) Заев: Договоривме техничка Влада пред секои избори, се враќаме на разговори за референдумот

Премиерот Зоран Заев даде кратка изјава за досега догвороеното и за она што следува на лидерската средба во Клубот на пратеници. Вели, за овие три лидерски средби требало многу нерви, трпение и мудрост.

– Пруживме рака за многу прашања. Уште пред потпишувањето на договорот со Грција прифативме услови за избор на ДИК. Уште пред лидерските средби, работни групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе го договорија законот за финансирање на партиите. Договоривме законски измени кои ќе овозможат техничка Влада да ги прави сите избори во форматот како Пржинската влада.  Се враќаме на разговори за референдумот, за датумот и прашањето, рече премиерот Заев.

Изјава на премиерот Зоран Заев за лидерската средба

– Пруживме рака за многу прашања. Уште пред потпишувањето на договорот со Грција прифативме услови за избор на членови на ДИК. Договоривме законски измени кои ќе овозможат техничка Влада да ги прави сите избори во форматот како Пржинската влада, рече Заев.Повеќе на: http://den.mk/archives/7990

Gepostet von Den.mk am Montag, 23. Juli 2018

По неговата изјава, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски рече дека се задоволни што власта ги прифатила нивните барања за измени во законот за финансирање на партиите и измени во законот за Влада, со што од сега натаму, пред сите избори ќе има техничка влада, односно услови какви што СДСМ имаше на изборите во декември 2016 година.