Connect with us

Видео

Заев до членовите на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе ја биде, македонскиот народ вечно ќе биде македонски

Македонија е одлучна за својата иднина во НАТО и Европксата унија и никој не може да и застане на патот. Знам дека сте уморни од политички кризи, дека ви е доста од поделби, дека сакате барем еднаш да не видите заедно за земјата, но Христијан Мицкоски не успеа да го види моментот, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба.

– Денеска ги извадиме работите на виделина. По третата лидерска средба, веќе се стана јасно. Христијан Мицкоски срамно лаже дека на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ им е битно избор на ДИК, техничка влада и дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум и лаже дека сака Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

Според премиерот, откако Мицкоски видел дека не постои шанса да разговараме за директна или индиректна амнестија, денес се откажал од целта за како што вели, спас за своите ментори и колеги.

– Тој разговараше без да се договори. Тој денеска беше одлучен, ако нема аменстија, нема ни договор. Тој доби се во пакет, за само да ги повика поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат по слободен избор. Мицкоски не знае што сака. Ја користам приликата да им се обратам на сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ, вам вратата ви е отворена исто како што им е отворена на сите за европските перспективи. Татковината ќе ја биде, македонскиот народ ќе биде македонски народ, рече Заев.

Вели, од сега натаму, нека им суди историјата и додаде дека тргнуваат силно Македонија да успее.

Актуелно