Connect with us

Видео

Мицкоски: Референдумското прашање треба да се однесува само на договорот, не на ЕУ и НАТО

Главната разлика во вториот дел од состанокот беше околу текстот на евентуалното референдумско прашање, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во првиот дел, разговаравме за изборот на членови на Државната изборна комисија, законот за финансирање на партиите и техничка влада како од Пржинскиот договор пред секои парламентарни избори и за тоа се договоривме. Во вториот дел ги отворивме прашањата за референдумот, за карактерот и текстот на референдумот. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните за овие две теми, имајќи предвид дека мнозинството распишува референдум и го дефинира прашањето, се обидувавме да спречиме насилие за референдумот. Нашата позиција е јасна и таа е партиски став, дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, а не да биде поврзувано со повеќе значења и тука имаме разлики и во делот околу карактерот на референдумот, за што генерално имаме приближување и мислам дека ќе се договориме, рече Мицкоски.

Тој вели дека не можат да се сложат со прашање кое ќе биде со повеќе значења, по што како што вели, завршила средбата.

Според Мицкоски, прашањето треба да се донесува само на договорот бидејќи Македонија има потпишано договор со Грција, но не одговори дали ќе го бојкотираат референдумот ако прашањето остане повеќезначно.

Актуелно