Connect with us

Економија

(ВИДЕО) Анѓушев: Јас немам офшор компании, Обвинителството нека истражи за грантот

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на прес конференција рече дека имал разбирање за сензитивноста на јавноста за случајот со компанијата „Кастинвест“ која се откажа од грантот од Фондот за иновации и технолошки развој и додаде дека во целост ги испочитувал сите законски аспекти.

– Имам разбирање за сензитивноста на јавноста со оглед на тоа што десет години се случуваше во оваа држава. Немам што да кријам и го охрабрувам Основното јавно обвинителство да го истражи случајот до крај, рече Анѓушев.

Изјава на вицепремиерот Кочо Анѓушев за грантот на „Кастинвест“

– Јас решив дека нема да имам компании кои нема да имаат сопственик во крајна инстанца, или сопственици кои случајно ќе се самоубиваат после, туку напротив, дека ќе излезам јасно каде сум јас сопственик. Го охрабрувам Основното јавно обвинителство да го истражи случајот со грантот за „Кастинвест“ до крај, рече вицепремиерот Анѓушев.Повеќе на: http://den.mk/archives/8018

Gepostet von Den.mk am Montag, 23. Juli 2018

Тој истакна дека во „Кастинвест“ е сопственик само на 16 осто и оти денеска имало Собрание на содружници, а неговите партнери донеле разбирање за неговата позиција. Ќе остапат од договорот иако, како што рече, тој е добиен согласно сите критериуми.

– Јас решив дека нема да имам компании кои нема да имаат сопственик во крајна инстанца, или сопственици кои случајно ќе се самоубиваат после, туку напротив, дека ќе излезам јасно каде сум јас сопственик. Сопственичкото право е право согласно Уставот на државата за секој поединец, вклучително и на функционер, истакна Анѓушев.

Според него, првпат во Македонија се случува една добра иницијатива, македонските компании да бидат поддржани во рамки на иновативноста, мали, средни и микро претпријатија во Фондот за иновации и во рамки на Законот за финансиска помош и рече дека не треба да се фрла дамка и да не се прави дисторзија на вниманието на јавноста од еден успешен и добар проект.

– Прават во државата се прават транспарентни мерки. Првпат во државата се прават мерки кои важат за сите компании во државата без притоа некој да договара нешто во некои кабинети и нема потреба да се прави државна помош за некого посебно, туку се прави по критериуми и процедури, додаде вицепремиерот Анѓушев.

Тој истакна дека неговата позиција во Владата била позната и оти поднел анкетен лист во кој прикажал транспарентно кои се неговите имотни позиции, кој е неговиот имот и сопственост во компаниите.

Анѓушев нагласи дека секаде каде што има конфликт на интереси  тој нема да настапува и дека се откажал од менаџерските позиции во сите компании.

Тој додаде дека е горд на компанијата „Брако“ каде има над 600 вработени бидејќи се вградил и како инженер и како менаџер. Во оваа компанија, рече Анѓушев, имал 40 отсто сопственост.

„Брако“ аплицирал во друг столб за државна помош и најави оти и таму нема ништо незаконско, но поради сензитивноста на јавноста, и сопствениците на „Брако“ ќе се откажат од користење на средствата. Според него, некому му смета успехот на овие проекти и успехот на оваа политика.

Актуелно