Connect with us

Видео

ВИДЕО: Пожарите близу Атина одзедоа најмалку 50 животи

Најмалку 50 лица се загинати во двата пожари во близина на Атина, јавуваат грчките медиуми. Од таму пишуваат дека се стравува оти во текот на денот ќе бидат откриени и нови жртви. Според досегашните информации, над 150 лица се повредени, а 11 се во критична состојба.

Повеќето од жртвите се од градчето Рафина во близина на грчката престолнина, а луѓето оганот кој доаѓа од две страни, бегаат кон плажите каде се евакуирани со чамци и бродови.

Според грчките медиуми,  најголем дел од загинатите се пронајдени изгорени или удавени во морето, пренесувајќи потресни приказни за пронајдени жени со нивните деца. Најмладата жртва е шестмесечно бебе.

Утрово, како што јавуваат медиумите, двата пожари се ставени под контрола, но не се целосно изгаснати. Во гаснењето на пожарите учествувале над 600 пожарникари со над 400 возила, седум канадери и 10 хеликоптери.

Актуелно