Connect with us

Македонија

Заев: Татковината ќе ја биде, вечно ќе бидеме македонци

По вчерашните преговори на лидерската средба и по неуспешното имплементирање од договореното во Собранието, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа измени во Кривичниот законик со цел аменстија за претходното раководство, премиерот Зоран Заев утрово на Фејсбук врати со фотографија.

На фотографијата, но и над неа, тој напиша: „Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик“.

Татковината ќе ја биде.#Македонија ќе стане членка на #ЕУ и #НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик.

Gepostet von Zoran Zaev am Montag, 23. Juli 2018

 

Истото, Заев го истакна и на вчерашната прес конференција по лидерската средба, откако не дојдоа до договор за референдумот и референдумското прашање. Тој потенцираше дека со тие продолжуваат по евроатлантскиот пат без разлика на одлуките на опозицијата.

 

Актуелно