Connect with us

Македонија

Партиите на разговори, во игра се повеќе опции за решение

Работните групи на власта и опозицијата се враќаат на преговарачка маса откако вчерашниот ден наместо успешен за избор на членови на Државната изборна комисија, законот за финансирање на партиите и измени во законот за влада со цел од сега пред сите парламентарни избори да има техничка влада по примерот на Пржинскиот договор, делот во кој лидерите дојдоа до успешен договор.

Собраниски извори на Ден велат дека нема да поддржат измени во Кривичниот законик, нешто што опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера првпат го побарала во Собранието откако нивниот лидер Христијан Мицкоски на средбата со премиерот Заев, Ахмети и Касами кажал дека нема да го бара тоа.

Измените кои се бараат се во насока за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ наместо затворска казна, да предвидува само парична казна, со што експремиерот Никола Груевски, поранешни министри, градоначалници и директори од партијата ќе добијат индиректна амнестија, односно за делата за кои се гонат од Специјалното јавно обвинителство и од Основното јавно обвинителство наместо затвор ќе добијат само парични казни.

Од владејачката коалиција велат дека тие нема да прифатат било каква аменстија, бидејќи со тоа се остава простор за правење на нови криминални дејствија.

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски вчера рече дека тој не барал измени во Киривчниот законик, бидејќи како што рече, по него ќе им се судело и на актуелни функционери, го демантираше и премиерот Зоран Заев кој кажа што точно побарал Мицкоски, но и неговите пратеници кои истото барање го истакнале пред своите колеги вчера пред да се закаже седницата за избор на членови на ДИК.

Според информациите на Ден, во Собранието денеска следуваат разговори на координаторите на пратеничките групи, но и на работните групи од власта и опозицијата, со цел да се надминат разликите и да се изгласа договореното на лидерската средба.

Сепак, доколку и на овие средби не се дојде со решение, не е исклучена нова лидерска средба, но и враќање на предложените измени на Изборниот законик, членовите на Државната изборна комисија да се бираат со 61 пратеник наместо како досега, со двотретинско мнозинство, а само со цел навремено спроведување на референдумот.

Актуелно