Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДФ: Мицкоски да престане да ја срами партијата и итно да си поднесе оставка

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно побара оставка од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Тие побараа „наметнатиот лидер“ Мицкоски да поднесе оставка, а партијата да свика вонреден партиски конгрес поради како што велат, вчерашниот дебакл на лидерската средба, по што се видело вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ.

„Итно е потребно Конгресот на ВМРО ДПМНЕ, како највисок партиски орган, да донесе Когресна одлука со која ќе се определи дали ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе функционира како злосторничко криминално здружение исклучиво за потребите и интересите на соборениот диктатор Груевски и неговата криминална ,,фамилија” или во иднина ќе дејствува како современа демократска и патриотска политичка партија. Последиците од едното или другото ги знаат сите искрени и чесни членови, симпатизери и приврзаници на партијата“, велат од фракцијата.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија, па затоа е потребно „узурпираната партија“ да се врати на членството.

„12-та година партијата и членството се заложници на непартиски и криминализирани структири. Што побрзо Мицковски поднесе оставка и се одржи вонреден Конгрес последиците по државата и партијата ќе бидат помали. Членството на партијата, мора сторого да ја почитува партиската доктрина која јасно и децидно истакнува дека: ,,Значењето на татковината е огромно. ВМРО-ДПМНЕ е против општество во кое „владее егоизмот на интереси“. Без нација и национална свест нема еманципација од последиците на егоизмот. За ВМРО-ДПМНЕ човечка и национална обврска е да се негува сè што е изворно и ни припаѓа нам: нашиот јазик, нашите обичаи, нашите песни, нашата историја, нашата илјадагодишна традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност”.Затоа бараме од Мицковски да престане да купува време, да одработува за туѓи криминални интереси и да ја срами партијата и итно да поднесе оставка, бидејќи неговата епизодна неславна улога заврши вчера. Ден порано, ден подобро за сите нас, стои во соопштението на Демократската фракција.

Актуелно