Connect with us

Македонија

Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен, а УВ индексто изнесува 5. Следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер.

Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината.

Актуелно