Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Деспотовски: Фирмите во рок од 15 дена да кажат дали имаат сопственик – носител на јавна функција

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски на прес конференцијата истакна дека за одлучувањето биле ангажирани 5 странски лица и 80 македонски стручни лица.

– 160 од компаниите кои аплицирале добија можност да добијат грантови и дополнителни 30 кои добиле условени грантови. Нема договор потпишано со ниту една компанија се уште. Да сакавме нешто да скриеме прво ќе ги потпишевме договорите, па ќе објавевме, вели Деспотовски на прес конференцијата.

Тој додаде дека откако ќе се потпишат договорите, парите нема да се доделуваат веднаш, туку квартално.

Прес конференција на директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски

– Сите компании во рок од 15 дена да достават изјави со што ќе истакнат дали некој во сопственичката структура е ностиел на јавна функција, рече Деспотовски. – http://den.mk/archives/8073

Gepostet von Den.mk am Dienstag, 24. Juli 2018

– Бидејќи имавме реакции за дел од компаниите, дел од нив одлучија да се повлечат што е нивно право. Јас ќе ги повикам сите компании да во рок од 15 дена достават изјави со што ќе истакнат дали во сопственичката структура некој кој е ностиел на јавна функција. За оние кои ќе го декларираат тоа, како директор на фондот ќе побарам од комитетот за доделување да ги разгледаат повторно овие компании, рече Деспотовски.

Тој додаде дека сопственичката структура не е дел од истражување, а критериум е сопствеништвото, бидејќи услов е во компанијата доминантни сопственици да се македонски државјани. Критериумите, како што додаде директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, се преземени од инструментите од Светската банка.

– Механизмот не е совршен, но можам да гарантирам дека процесот беше транспарентен, јас очекувам огромни резултати, само треба да им дадеме шанса на фирмите. Мојата вина како директор и вината на оваа Влада е што се охрабривме да воведеме нешто што функционира. Јас не мислам дека ние знаеме се, но тука сме да го направиме системот подобар, рече Деспотовски.

Тој не сакаше да коментира дали има конфликт на интереси тоа што фирми на функционери добиле државни пари, но рече дека ги разбира реакциите во јавноста. Нема да има застој во постапката, единствено за оние кои ќе се декларираат дека имаат сопственици – носители на јавни функции, рече директорот на Фондот за иновации.

Ако се повлечат фирмите како што е случај со фирмите на Кочо Анѓушев и Хари Локвенец, парите ќе се преструктуираат и ќе се користат за фирмите кои се на листа за чекање.

Актуелно