Единствена Македонија: Народот не сака членство во ЕУ и НАТО

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија преку соопштение вели дека народот не сака членство во НАТО и ЕУ, туку тоа го сака само власта.

„Неколку дека јавноста е сведок на пљачката на буџетски пари од министри, пратеници, владини советници кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и буџетски тендер од 35 милиони евра за фантомска фирма, меѓутоа, од НАТО и ЕУ целосен молк за функционирањето на правната држава. Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат криминалот на инсталираната власт во Скопје, а која за возврат послушно ги  спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците. НАТО и ЕУ се само параван за пучистичката власт во нејзиниот поход за бесмилосен грабеж на буџетски пари и економска диверзија взр сопствениот народ“, велат од Единствена Македонија.

Според партијата, кога тие ќе бидат легална власт, ќе има одговорност и конфискација на стекнатото богатство од позиција на власт.