Пратениците во сабота ќе го бираат новиот состав на ДИК

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже пленарната седница на која ќе се бираат членовите на Државната изборна комисија за во сабота, потврдуваат собраниски извори.

Освен членови на ДИК, пратениците ќе гласаат и измени во Законот за финансирање на партиите и измени во Законот за Влада, со што техничката влада по примерот на Пржинската ќе постои пред секои избори.