(ВИДЕО) Пендаровски: Денеска почнуваат пристапните преговори со НАТО

Со оваа посета на делегација на НАТО, почнуваат пристапни преговори со Алијансата. Многу сме среќни што веднаш после самитот, доаѓа делегација, што значи дека НАТО се сериозни во своите намери, рече Националниот координатор на Република Македонија за НАТО Стево Пендаровски, Стево Пендаровски.

– Господинот МекКи ја предводи делегацијата која денеска ќе разговара на разни прашања, од воено-техничките прашања, па се до правните и фнинасиските импликации од нашето членство. Главната политичка задача на нашата држава останува да биде предуслов за челнство, но очекуваме до нова година да ги завршиме преговорите. За влез во НАТО се подготвуваме со децении, не попусто велиме дека Македонија е најподготвениот кандидат, рече Пендаровски.

Изјава Стево Пендаровски

– Со оваа посета на делегација на НАТО, почнуваат пристапни преговори со Алијансата, рече Пендаровски – http://den.mk/archives/8111

Gepostet von Den.mk am Mittwoch, 25. Juli 2018