(ВИДЕО) МекКи: Македонија е спремна за членство, треба да се дефинираат неколку аспекти

Само што се сретнавме со премиерот и министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи, разговаравме за она што ќе треба Македонија да го сработи во идните месеци, рече Директорот за Европски и глобални партнерства на НАТО, Џејмс МекКи.

– Процесот подразбира низа преговори со владата и министерството за вашата земја да стане 30. членка во НАТО. Ќе треба да се дефинираат најразлични политички, финансиски и аспекти поврзани со самиот процес. Ќе зборуваме и за низата реформи кои се случуваат во државата како дел за почнување на преговори со НАТО. Вашата земја е дел од акцискиот план од повеќе години, што значи дека вашата земја е подготвена, рече МекКи.

Изјава на Џејмс МекКи

– Процесот подразбира низа преговори со владата и министерствата за вашата земја да стане 30. членка во НАТО. Македонија е подготвена, рече МекКи – http://den.mk/archives/8112

Gepostet von Den.mk am Mittwoch, 25. Juli 2018