Connect with us

Македонија

Тендер без обврска за преземање работници – Ќе останат ли стотина вработени на улица?

Службата за општи и заеднички работи при Владата распиша нов тендер за хигиена и тековно одржување на објектите на државната управа, но овој пат се разликува од сите тендери од 2002 година наваму.

Распишани се различни тендери за сите побарувања, посебно хигиена и тековно одржување, друг тендер за Хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа и уште еден за Физичко обезбедување на објектите на државната управа, а не како до сега, кога сите овие барања на претходните влади беа во еден тендер.

Овој пат во тендерот го нема ниту барањето за преземање на вработени од Службата за општи и заеднички работи, што остава простор вработените да стравуваат за своите работни места, кои во 2002 година добиле ветување дека иако ќе бидат вработени во приватни фирми кои ќе ги добиваат тендерите, ќе имаат третман како вработени во СОЗР.

Сепак, не е спорен само овој дел од тендерот. Коруптивни дејства вработените велат дека има и во тендерот за физичко обезбедување на државните објекти. Велат, делот во кој е наведено дека се бара фирма која во последните три години имала барем два договори за физичко обезбедување со најмалку 70 лица наведува на тоа дека се работи за наместен тендер.

Од 2002 година, па се до сега, овие тендери споени во еден ги добиваше Секјуриком, австриската компанија чиј сопственик, Волфганг Гампер е без пасош откако обвинителството покрена постапка против него и против екс директорот на СОЗР, Васе Доневски, кој пак е во притвор.

Иако Ден неколку пати испрати прашања до Службата за општи и заеднички работи, одговор до објавување на текстот не добивме.

Актуелно