Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Неизвесно дали лидерите повторно ќе седнат на маса за референдумското прашање

„Дали сте за поддршка на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и министерот Никос Коѕијас во Псерадес (Нивици) кој што целосно го уништува македонскиот јазик, целосно го уништува македонскиот идентитет, целосно ја уништува македонската култура, целосно ја уништува македонската национална посебност“ – вака Христијан Мицкоски побарал од премиерот Зоран Заев да биде прашањето на референдумот, рече премиерот.

Според Заев, вакво прашање не може да има на референдумот, бидејќи ништо од наведеното не е точно, па затоа не може да се постави такво прашање.

– Ако промена на член од кривичниот законик целосно или делумно урнисува предмет на СЈО, тогаш тоа е директна или индиректна аменстија. Тоа право го нема ниту Зоран Заев, ниту Христијан Мицкоски, ниту било кој друг, рече Заев, кој нагласи дека доколку опозицијата не се договори со нив, власта сама ќе започне подготовки за референдумот.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, повторуваат дека референдумот треба да биде согласно Уставот и законите и европските норми и начела што ги налага Европската Унија.

Во врска со прашањето кое Мицкоски барал да биде поставено, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, не сакаше да коментира.

Прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

– Средбата беше зад затворени врати, не би можел да коментирам што се разговарало внатре, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за тоа какво било референдумското прашање кое го предложил Мицкоски – http://den.mk/archives/8137

Gepostet von Den.mk am Mittwoch, 25. Juli 2018

– Средбата беше зад затворени врати, не би можел да коментирам што се разговарало внатре, единствено ќе повторам дека нашиот став во однос на прашањето е јасен и прецизен, а тоа е дека прашањето треба да биде согласно Уставот, законите и европските норми и начела, рече Арсовски.

Во однос на барањето за измена во кривичниот законик со цел да се аменстира поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека не барале такво нешто и додаде дека единствено власта аменстирала криминалци.

Арсовски не сакаше да коментира дали тие ќе бараат нова лидерска средба за да се обидат да дојдат до договор за референдумското прашање.

Актуелно