(ВИДЕО) Зеќири: Милошоски изнесе податоци што се државна тајна, ќе поднесеме кривична пријава

Скандалозниот настап на пратеникот Антонио Милошоски на Комисијата за надворешни работи и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов е директно на штета на интересите на државата и на нејзините граѓани. Милошоски, со тоа што изнесе детали од Извештај од лидерска средба, кој го добил од Кабинетот на претседателот, а кој е класифициран како државна тајна, директно го прекрши членот 317 од Кривичниот законик, рече пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири.

Според него, Милошоски бил предупредуван и од претседателот на Собранието, Талат Џафери дека станува збор за државна тајна која не смее да биде јавно споделена.

Прес конференција на Мухамед Зеќири, пратеник од СДСМ

– Милошоски од 2015 година не поседува безбедносен сертификат за државна тајна, поради што не може и не смее да има пристап до такви информации. Поради тоа Милошоски немал право да го бара тој извештај, а Кабинетот на претседателот не смее да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат, рече Зеќири и додаде дека против нив ќе биде поденсена кривична пријава – http://den.mk/archives/8141

Gepostet von Den.mk am Mittwoch, 25. Juli 2018

– Милошоски од 2015 година не поседува безбедносен сертификат за државна тајна, поради што не може и не смее да има пристап до такви информации. Поради тоа Милошоски немал право да го бара тој извештај, а Кабинетот на претседателот не смее да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат. Од тие причини, против Милошоски и против тој што му го доставил документот ќе поднесеме кривична пријава за оддавање државна тајна, врз основа на член 317 од Кривичниот законик, рече Зеќири.

Според Член 317 од Кривичниот законик, тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години. Во членот исто така е наведено дека тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.

– Морам да напоменам дека од осамостојувањето на Република Македонија до денес не се случило вакво неодговорно однесување и флагрантно кршење на законите од страна на избрани функционери, посебно од страна на претседател на држава и претставник на политичка партија, додаде пратеникот Зеќири.