Connect with us

Свет

Трамп со драматични предвидувања за можниот импичмент

Претседателот Доналд Трамп испрати многу јасно предупредување во интервјуто за емисијата „Fox and Friends“ на Фокс Њуз во четвртокот: „Направете ми импичмент и ги гледајте како работите одат по ѓаволите“.

„Јас ви кажувам што, ако ми извршат импичмент, мислам дека пазарот ќе се сруши, мислам дека сите би биле многу сиромашни, бидејќи без ова размислување, ќе видите бројки за кои нема да ви се верува, но во обратна насока, рече Трамп.

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, во Шкотска го повтори размислувањето на неговиот шеф.

„Вие само ќе му направите импичмент од политички причини, а американскиот народ ќе се побуни против тоа”, вели Џулијани во интервју за Скај Њуз.

Актуелно