Connect with us

Свет

Уапсени тројца мигранти во Грција – Ограбиле и убиле студент

Тројца мигранти се обвинети за грабеж на студент , кој загинал паѓајќи од ридот Филопапу во Атина. Не е јасно дали 25 годишниот студент бил бутнат од мигрантите или паднал од ридот додека бегал од нив.

Двајца Пакистанци на 17 и 28 возраст се приведени на железничкиот граничен премин Идомени додека сакале илегално да ја минат границата.

Третиот , Ирачанец ,на 25 годишна возраст бил уапсен во Атина. Според соопштението од грчката полиција, грабежот се случил на 15 август.

Жртвата , 25 годишен Грк , кој студирал во странство , бил во друштво со Португалец. Неговото тело било најдено на ридот во центарот на Атина.

Актуелно