Connect with us

Свет

Вучиќ: Во договорот со Албанците сите по малку ќе изгубиме

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Белград и Приштина не се близу до договор, но дека ќе ги извести граѓаните ако се постигне договор.

– Многу е тешко да се постигне каков било договор. Не сме близу до договор, нема договор…Не сме ни близу до решение, многу сме далеку….Ако се постигне договор, ќе го известам народот, изјави Вучиќ.

Запрашан за тоа што Албанци од Бујановац, Медвеѓа и Прешево одат во Тирана на разговори Вучиќ вели дека нема стравови.

– Да ги сочекаме резултатите и да видиме кој што добил и што изгубил. Во евентуален договор со Албанците мораме да знаеме дека сите помалку сме изгубиле, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во следните денови ќе има среедби со претседателот на Косово Хашим Тачи и со премиерот на Албанија Еди Рама.

Актуелно