Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Синот на Ленче Николовска и сопственик на портал ангажиран во Фондот за иновации

Синот на посебната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, професионално е ангажиран од страна на Фондот за иновации и развој, рече вчера на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели, ова не би било ништо скандалозно доколку мајка му не е посебна советничка на Зоран Заев во Владата на СДСМ како посебен советник за земјоделие чија плата е во бруто висина од 75.000 денари.

– Прашуваме, колкава е висината на платата што ја добива синот на Ленче Николовска за работата што ја работи во Фондот за иновации? По кој критериум е избран баш синот на посебната советничка на Заев да биде ангажиран од државна институција и од кога е ангажиран да работи за Фондот за иновации, рече Арсовски.

Инаку, Илин Николовски освен син на експратеничката, актуелна советничка на премиерот Зоран Заев и вработен во Фондот за иновации, во своја сопственост го има и порталот „Бриф“.

Од Фондот за иновации велат дека Николовски е ангажиран како надворешен соработник со Договор на дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот. Неговиот договор, според Фондот истекува во декември, а задолжен е за одржување на веб страната и поддршка во реализација на различни настани.

Актуелно