Connect with us

Свет

Вучиќ и Тачи бараат меѓународна поддршка за корекција на границите

Претседателите на Србија и Косово бараат поддршка од меѓународните фактори за решавање на косовското прашање преку размена на територии.

На Европскиот форум во Австрија двајцата лидери побараа поддршка за постигнување на договор нагласувајќи дека тој е од клучна важност за перпсективите на регионот.

“Време е да се дојде до договор и сега имаме можност. Не е ниту малку лесно, многу е тешко и ни треба поддршка од сите. Работиме напорно на ова и решивме да ги истражиме сите можности за затворање на ова прашање. Со Александар разговараме пет, шест години и сега одлучивме да ја истражиме секоја опција  вклучително и онаа за корекцијата на грниците” изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој упати апел до земјите во регионот, земјите члнеки на ЕУ и другите фактори дека не треба да се спротиставуваат на решение кое предвидува корекција на границите.

“Гарантирам дека потецијалниот договор под такви услови нема да биде на основа на етнички линии. Косово ќе остане мултиетничко а истото треба да важи и за Србија” рече Тачи на Европскиот форум во Австрија на кој присуствуваше и комесарот Јоханес Хан.

Во сличен тон на форумот му се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека е важно да се дојде до трајно решение.

Комесарот Јоханес Хан од своја страна изјави дека не треба да се исклучува ниту едно решение за ова прашање.

“Целта е стабилност и решение кое не треба да отвори нови проблеми. Не би било мудро да ние како ЕУ превегнуваме кон некоја од опциите за решение” изјави Јоханес Хан.

Претходно од Киев советикот за национална безбедност на САД, Џон Болтон најави можност САД да ја поддржат опцијата за корекција на границите за решавање на косовското прашање.

“Постојат нови знаци за тоа дека двете влади сакаат да преговараат за оваа опција. Ако двете страни можат да се договорат и да постигнат согласнот  тогаш ние не исклучуваме можност за корекција на границите. Тоа е тешко прашање но ние нема да се мешаме иi не мислам дека било кој во Европа би спречил таков договор зад кој стојат двете страни” изјави Болтон зборувајќи за ставот на САД во однос на косовското прашање.

Наредната рудна разговори меѓу Приштина и Белград е закажана за 7 септември.

Актуелно