Connect with us

Свет

Флорида: Двајца мртви на натпревар во видео-игра

Учесник во натпревар во видео-игра во Флорида смртно застрелал две лица пред да се самоубие, известува Би-Би-Си. Убиецот е 24. годишното момче Давид Кац од Балтимор, а од полицијата најавуваат повеќе информации за подоцна.

Според неофицијални извори, Кац се наутил откако изгубил на настантот, по што почнало пукањето. Имињата на двете жртви официјално не се кажуваат се уште.

Победниците во Флорида влегуваат во финалето кое се одржува во Лас Вегас и се натпреваруваат за 165 000 долари. Во феврураи минатата година, Кац освоил прво место на сличен натпревар.

Актуелно