Кумановец сакал да продаде плац кој не е во негова сопственост

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.Ш.(58) село Черкези, кумановско, за сторено кривично дело „измама“, изестува МВР.

Во текот на 2017 година пријавениот на лице од Белгија му понудил плац за изградба на куќа во село Черкези кој бил во негова сопственост. По ова, двајцата се упатиле во адвокатска канцеларија каде склучиле пред-договор за купопродажба на недвижен имот, каде што пријавениот приложил имотен лист од 2013 година за катастарска парцела кога истата се уште била сопственост на истиот, а подоцна истата година недвижен имот со Договор за подарок посочениот го префрлил на име на својот син, при што ги довел до заблуда адвокатот и оштетениот кој исплатил во неколку наврати капар во вкупен износ од 2.000 евра.