Тезгаџиите ќе плаќаат симболична сума за да продаваат на зелените пазари

Околу 20 илјади продавачи по зелените пазари во Македонија ќе имаат обврска да се евидентираат кај комората на пазарџии и за симболична сума да извадат лиценца ако сакаат да продолжат да продаваат на тезгите.

Со новите законски измени, вака ќе се бие битката со сивата економија која во некои делови во државата достигнува речиси половина од продажбата на тезгите.

Договорено е тезгаџиите да плаќаат најниски придонеси како и индивидуалните земјоделци, односно 2000 денари месечно, 1500 денари за пензиско и 500 денари за здравствено осигурување.

Република Македонија е првата земја во регионот што има посебен закон за работењето на зелените пазари.