Connect with us

Македонија

Телата на убиените во Дебар биле пронајдени еден ден по убиството

Сестрата на убиената жена во Дебар требало да прави свадба, телата ги нашле затоа што не се појавиле на свадба, велат соседите на убиеното семејство. Телата, според неофицијални извори биле во куќата еден ден пред да бидат пронајдени.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар раководеше со увидот на лице место во семејна куќа во Дебар каде што беше извршено убиство на тричлено семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка.

Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

Земени беа парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело. Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.

Инаку, тричленото семејство живеело во Италија, каде требало да се вратат веднаш по свадбата.

Актуелно