Connect with us

Актуелно

Ципрас: Со многу напори постигнавме историски договор според националната линија

Со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор според националната линија и зачувувајќи го националниот интерес, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас, говорејќи на состанокот на централниот комитет на Сириза.

Тој кажа дека постигнале големи успеси во изминатите три и пол години колку што се на власт, а упати и остри критики до опозициската Нива демократија.

Ципрас истакна дека во изминатите години инвестирале во активна, повеќедимензионална надворешна политика.

– Знаеме дека позицијата што ја одбравме има и политичка цена, секако привремена, бидејќи според резултатите, завршува секогаш во корист на националните интереси, рече Ципрас.

Тој акцентот го стави на новата ера во која влегува земјата по завршувањето на последната програма со финансиска поддршка.

– Нашата визија за Грција од искуството со големата битка за излез од меморандумите веќе е посилна и пофункционална. Грција треба да стане и ќе стане современа, прогресивна, европска земја со протагонисти живите сили на општеството, рече Ципрас.

Актуелно