Connect with us

Македонија

Британец удрил велосипедист во Скопје

Вчера во 20:15 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“ се случила сообраќајна незгода во која Џ.П.(51) од Велика Британија, со место на живеење во Р. Бугарија, управувајќи патничко моторно возило „Мицибуши“ со бугарска национална ознака удрил во велосипедист М.П.(39) од Скопје.

По незгодата велосипедистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Актуелно