Connect with us

Македонија

Кривична за прилепчанец за мачење животни

Вчера во 19:00 часот во Полициска станица Прилеп лице од Прилеп пријавило дека околу 16:30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп.

Истиот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот изезено е на местото на настанот каде што е извршен увид. По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп.

Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ.

Актуелно