Connect with us

Македонија

Задолжително микрочипирање на милениците, казна за оние кои нема да го сторат тоа

135 ветеринарни друштва ќе бесплатно ќе имплицираат микрочипови на домашни миленици и ќе ги внесуваат податоците во информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за издавање на пасошот за домашни миленици. Листата на ветеринарни друштва со кои имаме склучено договор на 31. август ќе биде објавена на веб сајтот на агенцијата, рече директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Тој додаде дека секој сопственик има законска обврска да изврши идентикација и регистрација на миленикот, а ако не го стори тоа, законот предвидува санкции. Вели, Агенцијата ќе направи засилена контрола дали сопствениците го сториле тоа.

Актуелно