ФОТО: Бандера со кабли под напон виси кај новиот кружен тек во Кисела Вода

Кабли под напон се спуштени на улицата Христо Татарчев 1 во Кисела Вода, улица која излегува на новиот кружен тек кој ги спојува општината и општина Аеродром.

Сликата со речиси падната бандера ги разбудила жителите на оваа општина уште рано утринава, а полицијата пристигна дури во 12:30 часот.

Екипи од ЕВН се уште нема на местото, иако како за проблемот им е јавено уште утринава. Од општина Кисела Вода се запознаени со проблемот и велат дека ќе испратат екипа која ќе изврши увид на местото.