Connect with us

Македонија

Заев: Деновиве ќе биде поставен бројчаникот на Триумфална, ќе го платам од мои пари

Премиерот Зоран Заев од свој џеб ќе го плати бројчаникот кој ќе го стави на триумфалната капија и ќе покажува колку украдени пари се вратени во државната каса, онака како што вети пред изборите во 2016 година.

Кога ќе се вратат парите, бројчаникот најверојатно ќе се користи за да ја покажува температурата во Скопје.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските страги ќе ги инкасираат вратените пари кои биле земени од буџетот, како надомест на штета. Тоа е ветување кое го дадов како опозиционер барајќи ја поддршката од грѓаните. Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџет на Влдата нема такви пари, бројчаникот приватно го плаќам од мои пари. Тоа значи дека по завршување на функцијата ќе биде донирано на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на портатакаде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично – изјави Заев денеска.

Актуелно