Ахмети: Гласот „за“ е глас за евроатлантска Македонија, нема време за калкулирање

Сите ние што сакаме и сме посветени за интегрирана Македонија во ЕУ и НАТО сме заедно. Утре ќе бидеме уште повеќе, зошто последната анкета на ИРИ покажува дека половина од граѓаните сакаат влез во Европската Унија и НАТО, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој додаде дека граѓаните и прогресивните сили се убедени дека интеграцијата носи огромни придобивки.

– Во оваа прилика, ја поканувам и опозицијата да се приклучи, бидејќи сите имаме придобивки од интеграцијата. Нашата земја се соочува со моменти кога е потребна храбост, затоа ве повикуваме да се приклучите. Референдумот на 30. септември е референдум за интеграција во НАТО и ЕУ, за целосно валдеење на редот и законот, како и безпоштедна борба против корупцијата и криминалот, рече Ахмети.

Според него, граѓаните бараат интеграција во ЕУ и НАТО, а денес сме пред заокружување на оваа борба за интеграција.

– На 30. септември и има две опции – „за“ или „против“. Гласот „за“ е за евроатлантска Македонија. Јас сум убеден дека сите се „за“. Времето за лидерство и политичка визија е сега, нема време за калкулирање. Сите без исклучок треба да се приклучиме на караванот за рамноправност во ЕУ и НАТО, додаде Ахмети.