Сабина Ајрула: „За“ европска Македонија, јазикот, идентитетот и културата ќе бидат негувани ако не ги оставиме во очај

Ние сме луѓе водени од чувства и секако дека некои компромиси длабоко не повредуваат, навлегуваат во многу прашања. Јас припаѓам на првите генерации на поствоена Македонија. Пораснав во турско семејство каде секогаш се знаеше за една татковина, Македонија. Паметам многу искушенија на една земја која се стреми кон независност, рече актерката Сабина Ајрула.

– Двигател за нашите чувства е порив за мир и стабилност, среќа и мир за сите граѓани на Република Македонија. Мене ме обзема тага кога ќе помислам колку гнев и поделби создадоа тие различни убедувања. Кој ќе им ги врати на нашите деца изминатите години, дали треба да ги погледнеме со искрена насмевка или јалово извинување – „така се случи“? Нема „така се случи“. Како ќерка, сопруга и пред се мајка, убедена сум дека идејата за среќа е идејата за Европска Унија. Среќата не може да постои доколку не се споделува со другите, рече Ајрула.

Актерката рече дека македонскиот јазик, идентитет и култура ќе бидат негувани ако не ги оставиме во очај.

– Мојот став е дека мораме да тргнеме по патот на европска Македонија, истакна актерката Сабина Ајрула.