Connect with us

Македонија

Почна поставувањето на бројчаникот на Триумфална порта

Доцна синоќа на Триумфалната порта почна поставувањето на бројчаникот на кој ќе се покажува колку од украдените пари од претходната власт се враќаат во Буџетот.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на портата, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на вчерашаната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, како што истакна премиерот, е ветување што го дал додека беше во опозиција, барајќи ја поддршката од граѓаните.

 

Актуелно