За крвавиот упад во Собранието ќе сведочат Манчевски, Ременски и Богоевски

Продолжува судењето за крвавиот упад во Собранието на 27 април минатата година, со сослушување на сведоци. Денеска сведочат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Обвинетите во овој случај се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. На претходното рочиште, сите рекоа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Судскиот процес започна на 22 август со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите. За овој случај, судијката Добрила Кацарска има закажано рочишта и по нова година.