Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ денеска во Штип, Кочани и Ѓорче Петров

Коалицијата Заедно ЗА европска Македонија“ денеска на градскиот плоштад во Штип со почеток во 20.00 часот, ќе одржи граѓански собир на којашто ќе се обрати Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Претходно, со почеток во 18.00 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи отворена трибина на којашто ќе учествува Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски утре ќе ја посети општина Ѓорче Петров, кадешто од 19.30 часот ќе учествува на граѓанска трибина во Домот на културата – Ѓорче Петров.