Connect with us

Македонија

Адвокатите на Груевски не се појавија во Апелација за жалбите за затворот во случајот „Тенк“

Ниту еден од четворицата бранители на пораншениот премиерот Никола Груевски не се појави на јавната седница на Апелациониот суд, на која треба да се одлучува по жалбите на осудените Груевски и екс помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски.

Апелација одлучи да продолжи без адвокатите на Груевски, бидејќи вчерашната седница беше одложена поради негово неприсуство, откако тој беше на судење за предметот „Насилство во Центар“.

Според пресудата, Поповски доби 6 ипол години затвор, а Груевски двегодишна казна затвор.

Актуелно