Втор ден каблите под напон се спуштени на улица во Кисела Вода

Веќе втор ден бандера се држи на ограда за да не падне во скопска Кисела Вода. Ден вчера пишуваше за паднатата бандера, но и покрај записниците и увидите, надлежните не преземаа ништо.

Каблите под напон се спуштени речиси на улицата која излегува на новиот кружен тек во општината. Одговор зошто и по два дена не е саниран проблемот побаравме од Општина Кисела Вода, но до објавување на текстот, одговор не добивме.