Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Шилегов: Стопирана е изградбата на гасовод на Водно

Град Скопје ја запре изгрдбата на гасоводот на Водно поради реакциите на граѓаните. Градоначалникот Петре Шилегов ги повика сите страни во понеделник во 13 часот на јавна дебата за изградбата.

– Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Сакам да потенцирам дека пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во одреден дел од четири километри, рече градоначалникот Шилегов.

Тој истакна дека го слуша гласот на жителите и не може да оди против нивната волја.

Во средата, граѓаните кои протестираа истакнаа дека еден од градежниците побарал од багеристот да ги прегази и да продолжи со градежните работи.

Актуелно