Заев: Ако не успее референдумот, државата нема иднина

Потребно е единство, опозицијата и власта треба да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но во историски моменти сите треба да застанеме заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат, рече премиерот Зоран Заев на конференцијата „Македонија гледа напред: Мигот е да се фати возот за ЕУ“.

– Јас како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее, ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, истакна Заев.

Премиерот додад дека можеби е наивно, ама верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот. Тој додаде дека не постои друг алтернативен пат за Македонија.