Connect with us

Македонија

Кисела Вода: Паднатата бандера ќе биде санирана денеска

Во текот на денешниот ден паднатата бандера на ул. Христо Татрчев 1 ќе биде санирана, велат за Ден од Општина Кисела Вода.

Како што претходно пишувавме, бандерата веќе два дена претставува опасност за жителите на овој дел од Кисела Вода, откако таа одвај се држеше на оградата врз која паднала.

Граѓаните реагираа и вчера, кога на местото изврши увид полицијата, но наместо да се санира, денеска таа беше речиси целосно падната на улицата. Каблите од бандерата пак, се најдоа на улицата.

Актуелно