Connect with us

Македонија

Коалицијата ЗА европска Македонија денеска во Пехчево, Струмица и Радовиш

Караванот ЗА европска Македонија продолжува со граѓанските трибини.  Денеска, во Пехчево во Домот на културата со почеток во 18.00 часот ќе се одржи граѓанска трибина на која ќе учествува премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Тој ќе учествува на отворена граѓанска трибина во Берово  којашто ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 20.00 часот.
Министерката за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска е во посета на Струмица кадешто од 18.30 ќе учествува на граѓански собир што ќе се одржи во градскиот парк.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски е во посета на општина Радовиш, каде што во 16:00 часот ќе учестува на граѓанска трибина во населеното место Подареш.

Актуелно