Connect with us

Македонија

Нема меѓународна потерница за сопственикот на Секјуриком, Влофганг Гампер

Сопственикот на австриската компанија Секјуриком, Волфганг Гампер не е на листата „Потраги“ на Министерството за внатрешни работи, ниту пак против него е распишана меѓународна потерница, откако судот ја преиначи мерката одземање патна исправа во мерка притвор, бидејќи тој не се појавил во Основниот суд Скопје за да се пријави.

Гампер во изјава за порталот Призма кажал дека е во Австрија, неговата матична земја, но не кажал како успеал од Македонија да отиде дома.

Прашања испративме и до МВР, но од таму до објавување на текстот, одговор не добивме.

Според информациите до кои дојде Ден.мк, Гампер избегал во Австрија уште на почетокот на месецов, а тоа го нотирал судот откако тој не се појавил таму.

Инаку, на Секјуриком во моментов и истекува последниот месец од договорот со Службата за општи и заеднички работи, со кого има потпишано анекс за месец септември. По ова, но и по блокираните сметки на фимрата, се поизвесно е дека над 1.000 вработени кои егзистирале од платите во оваа фирма ќе останат без работа, бидејќи веќе три месеци немаат земено плата, а немаат ниту здравствено и пензиско осигурување.

Фирмата не можела ниту да се пријави на распишаниот тендер за тековно одржување, чистење и обезбедување на државните објекти, бидејќи фирмата е осомничена за тендерите со СОЗР, а истата се споменува и во најголемиот случај на Специјалното јавно обвинителство во јавноста познат како „Титаник“.

 

Актуелно